Кумановка починала од струен удар во купатило

08.11.2013 11:41 | KumanovoNews

 Марина Б.(38) од Куманово починала од струен удар во купатило додека се туширала.

Кумановка починала од струен удар во купатило

Несреќата се случила вчера во 17 часот, во нејзиниот дом на улицата „Боро Соколов„ во населбата Зелен Рид. Марина влегла во купатилото да се истушира, но не го исклучила бојлерот. Кога се фатила за рачката од тушот настанал струен удар и ја усмртил на лице место. Домашните притрчале да и помогнат и веднаш повикале брза помош, но лекарот констатирал дека повредите се фатални. Откако бил изврешна увид и утврдено дека се работи за несреќан случај телото на починатат е предадено на семејството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk