Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка е повредена во сообраќајна несреќа што вчера напладне се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип.
Девојката е пренесена во штипската болница и задржана на лекување.
Сообраќајката се случила вчера во 11.40 часот, кога В.Ц. (23) од Куманово, управувајќи ПМВ „Цитроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Црвен Крст Куманово изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила сопатничката Б.Г. (18) од Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР-Штип.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk