Кумановка пријавена за исчезната

08.12.2023 20:25 | KumanovoNews

Триесет и седумгодишна кумановка синоќа била пријавена дека исчезнала од дома. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот сопруг.

Кумановка пријавена за исчезната

„На 07.12.2023 во 21.45 часот во СВР Куманово, Н.Ц. (42) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ј.Ц. (37)“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk