Кумановка пријавила обид за измама од 5000 евра

17.06.2021 13:58 | KumanovoNews

 Во СВР Куманово, вчера во 19 часот, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами за сума од 5.000 евра.

Кумановка пријавила обид за измама од 5000 евра

Според пријавеното, околу 13.45 часот и се јавило лицето, кое лажно се претставило велејќи и дека има анонимна пријава против нејзината фирма, но дека може да и помогне доколку плати 5.000 евра за услугата.  Таа се посомневала дека е предмет на можна измама и не ја прифатиле понудата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk