Кумановка пријавила сопружници кои не сакале да и го вратат бебето кое им го оставила на чување

24.02.2025 15:24 | KumanovoNews

Четириесет и едногодишна кумановка вчера пријавила сопружници од скопското село, дека не ѝ го даваат новороденчето, кое го оставила кај нив на чување.

Кумановка пријавила сопружници кои не сакале да и го вратат бебето кое им го оставила на чување

Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека жената била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Откако се породила на 18. февруари, сопружниците ја земале од болница и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. 

„Таа го оставила бебето во нивниот дом и ги добила парите, а кога по неколку дена се вратила да си го земе, сопругот не и го давал со образложение дека тоа ќе остане кај нив. Ноќеска во 1.40 часот полицијата ги привела сопружниците. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk