Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка нелегално извадила извод за малолетниот син кој е роден во Швајцарија, со помош на вработени во Управните служби во Куманово при Министерството за правда.
Ш.Ф.(27) за да нелегално добие македонски пасош за синот роден во Швајцарија без знаење на татко му, извадила извод од венчани пред правосилноста на разводот со сопругот. Во намерата и помогнал службеникот И.З.(54), кој изводот го завел во испратна книга, наместо во книга за попис на акти, а потоа со М.Ф.(34) го поништиле барањето за извод и други документи. Мајката нелегалните документи ги доставила до Д.Д.(30) за да го запише синот во матична книга на родени, а потоа барањето го проследила до Д.М.(62), иако не било потпишано од двајцата родители. Д.Д. издала извод за детето, кој мајката го приложила во Основен суд Куманово за добивање на издршка за синот во бракоразводна постапка и го употребила за вадење на пасош.
Ш.Ф. ќе одговара за фалсификување или уништување деловни книги, И.З. и М.Ф. за фалсификување службена исправа, Д.Д. за злоупотреба на службена положба и Д.М. за несовесно работење во службата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk