Кумановка тешко повредена во сообраќајна незгода

16.02.2017 18:35 | KumanovoNews

Повозрасна кумановка се бори за живот на една од скопските клиники откако вчера ја удрила кола додека се движела по улица.

Кумановка тешко повредена во сообраќајна незгода

Сообраќајката се случила во 13.50 часот на ул. „Тоде Думба“, кога автомобил „Рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.В. (67) од с.Старо Нагоричане, удрило во пешакот Г.Т. (65) од Куманово.

Жената се здобила со тешки телесни повреди–опасни по живот. По укажаната лекарска помош во Општа болница Куманово, како итен случај била пренесена во Ургентниот центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk