Кумановка во домашен притвор поради дилање на дрога

06.05.2021 12:47 | KumanovoNews

Кумановското обвинителство поведе постапка против 37-годишна жителка од Куманово, заради постоење на основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Неовлстено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, став 1, од Кривичниот законик.

Кумановка во домашен притвор поради дилање на дрога

При извршен претрес, на 4 мај 2021 година, во домот на осомничената, овластените службени лица пронашле 11,53 грама наркотична дрога – хероин и едно пакување наркотична дрога – кокаин од 0,85 грама.

Осомничената заради продажба ја набавила наркотичната дрога. Хероинот го препакувала во одделни шест мали најлонски пакувања и ги криела во спалната соба.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднел предлог за определување на мерка куќен притвор за осомничената, поради постоење на опасност од бегство и повторување на кривичното дело.

Предлогот на обвинителството е прифатен, а судот на осомничената и определил куќен притвор во траење од 30 дена.​

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk