Кумановки не им “попуштаат“ на мажите - над 40 жени на раководни позиции

08.03.2022 11:41 | Сузана Николиќ

 Денеска кога се слави Денот на жената, кумановки со право можат да кажат дека е исполнета мисијата на Роза Луксембург и Клара Цеткин за родова рамноправност и еднакви права помеѓу мажите и жените, бидејќи тие се рамноправни чинители во општеството и локалната заедница.

Кумановки не им “попуштаат“ на мажите - над 40 жени на раководни позиции

Голем број на кумановски се на листата успешни директорки, раководителки и претседателки на значајни институции и претпријатија од кои зависи развојот и стабилноста на градот и државата. Од година во година нивниот број се зголемува, а жени доаѓаат на функции за кои отсекогаш се сметало дека не можат да ги извршуваат.

Втор мандат на чело на највисокото локално законодавно тело – Советот на Општина Куманово е жена. Претседателката Ивана Ѓорѓиевска е прва меѓу 13 еднакви советнички од сите партии од вкупно 33 членови колку што брои Советот. Нивниот број е намален во однос на предходниот Совет кога имаше 14 советнички. 

Куманово има една пратеничка, Лидија Тасевска од СДСМ, која веќе втор мандат е претставник на граѓаните од Куманово во македонскиот Парламент. 

И во Општина Куманово најодговорните позиции во најзначајните сектори за финсии, комунални работи и урбанизам ги водат жени: Ирена Илиевска, Лидија Ланг-Спасовска, Емилија Сларидис- Јаневска.

Раководителки се и на чело на одделението за даноци Андријана Недељковски, на евроинтеграции Марија Бабан, ревизија Биљана Николовска, локалниот економски развој Донка Петровска, информатика Андријана Вукановска и односи со јавност Бисера Благојевиќ.

Од вкупно четири директорски фотељи во средните училишта во три седат жени: Весна Трајковска, Мила Жибак и Марија Тодоровска. Градинката „Ангел Шајче“ со години наназад ја раководи Марина Алексовска, градската библиотека Христина Алексовска и  ученичкиот дом Љубица Павловска.

Дел од основните училишта ги водат дами: Јасмина Спасовска, Елизабета Костиќ, Надица Петровска, Тања Тодоровска и Лидија Пешевска.

Покрај локалните, жени управуваат и одговорни државни институции. 

Претседателка на Основен суд Куманово е Снежана Манев, во Основното јавно обвинителство Теута Бедриу - Рамадани, раководителка во Центарот за социјални работи  е Александра Арсовска, во Агенцијата за вработување Марија Димитриевска, во Општата болница Снежана Захариева, во УЈП Јасмина Георгиевска и во ПИОМ Сандра Петрушевска.

Зорица Вукановиќ е прва жена командир во државата избрана од Советот на Општината, која раководи со Полициската станица со општа надлежност во СВР Куманово.

Директорка во правниот сектор на ЕСМ е Душица Сеизова Јовановиќ, а шеф на кабинетот на директор на Бирото на јавна безбедност (БЈБ) е Сунчица Алексовска.

Куманово има и успешни жени стопанственички и директорки кои водат големи приватни компании, кои ги пласираат своите производи на домашниот и светски пазар:  Стојанка Стојковиќ од „Екстра Меин“,  Снежана Станојковиќ од „Бучен Козјак“, Силвана Бојковска од „Мега“ и други.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk