Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Словачкиот амбасадор Мартин Безак, денеска се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски, со кого разговараа за можностите за аплицирање во Вишеградскиот фонд на инвестиции.
Преку овој фонд може да се добијат средства за стипендии на студенти, размени, престој во странство и слично.
“Вишеградска група на инвестиции, ние не ја познававме доволно. Фондот можат да го користат земји од бившиот источен блок, Полска, Чешка, Словачка, Македонија, мислам дека и Косово и Србија, тие можат да учествуваат и да аплицираат. Тоа ќе биде еден нов предизвик во овие состојби во кои се наоѓа општина Куманово. Како изолирана опозициска општина, да дојдеме до економски развој и до инвестициони програми“ - рече Дамјановски.
Амбасадорот Безак објасни дека Словачка моментално претседава со Вишеградската група, која е најуспешно регионално здружение во Средна Европа.
“Во рамки на Вишеградската група постои меѓународен Вишеградски фонд, кој располага со буџет од 10 милиони евра годишно. Овој фонд има посебна програма за соработка со земјите од Балканот. Преку овој механизам може да се аплицира за грантови, стипендии, студиски престој“ - кажа амбасадорот.
Градоначалникот и амбасадорот тргнаа во посета на црквата “Св.Никола“, новата црква “Архангел Михаил“, Затворениот базен и неколку стопански објекти во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk