Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата ќе одобри 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во градинката „Пчелка“, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
„ Одлуката за одобрување средства на Општина Куманово се однесува на активностите кои ги преземаме за намалување на аерозагадувањето. Планираме да издвоиме 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во Градинката „Пчелка“, во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираше премиерот Зоран Заев, на владината седница во Куманово.
Средства за истата намена од буџетот на државата ќе се издвојат и за општините Центар, Чаир, Струмица и Свети Николе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk