Куманово ќе добие епархија

20.06.2013 08:47 | KumanovoNews

 Синодот на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија, на вечерашната седница одлучи полошко - кумановската епархија да ја подели на две,  тетовско - гостиварска и кумановско - осоговска.

Куманово ќе добие епархија

Кумановската епархија ќе биде со седиште во Куманово. Починатиот владика Кирил ќе добие двајца наследници, а се смета дека на ваков начин преку две одделни епархии црквата ќе биде поблиска до народот.

Кои великодостојници ќе застанат на чело на двете епархии, ќе се одлучува најверојатно во септември. Како најсериозни кандидати се споменуваат викарните епископи Јосиф Лешочки и Јосиф Велички.

 Со поделбата на тетовско-кумановската, МПЦ ќе има 8 епархии во земјава и три во дијаспората.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk