Куманово ќе добие фитнес зона

11.02.2016 10:58 | KumanovoNews

Куманово ќе добие фитнес зона, стои на веб страната makedonijazamladite.mk.

Куманово ќе добие фитнес зона

Плановите се проектот да се реализира преку Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините, за што ќе бидат издвоени одредени зони во градските јадра, каде ќе бидат поставени соодветни спортски направи за фитнес. Проектот ќе започне да се реализира  од октомври годинава. За поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот, ќе бидат изградени фитнес зони во градските паркови на отворено во 18 општини. Од овој проект ќе имаат бенефит пред се младите, но и останатите граѓани заинтересирани за овој вид активности.

Фитнес зони ќе има и во градовите Скопје, Гостивар, Кочани, Струмица,  Струга, Кичево, Гевгелија, Маврово, Крушево, Берово, Дојран, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид, Ресен и Велес.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk