Куманово ќе добие градска куќа

09.10.2020 07:40 | KumanovoNews

 Некогашен хотел „Солун“ на улицата Иво Лола Рибар“, во која сега е сместен Клубот на ветерани, ќе стане градска куќа. Реконструкцијата на објектот ќе започне до крајот на октомври и ќе трае 6 месеци.

Куманово ќе добие градска куќа

Средствата во висина од 180.000 евра се обезбедени преку европски проект во партнерство со Општина Дупница, Бугарија.

- Изработен е основниот проект за реконструкција, добиена е дозвола за градба и одобрение за реставрација од Управата за културно наследство. Градската куќа ќе се користи за повеќе намени. Во еден дел од просторот ќе се сместат невладини организации, вториот кат ќе има друга намена а може да се користи и како туристички центар на Куманово. Конечната одлука ќе ја има Советот на Општина Куманово,- изјави Алекснадар Крстевски, координатор на проектот.

Куќата е во сопственост на Општина Куманово, а објектот е под заштита на државата како споменик од втора категорија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk