Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово е една од седумтте општини во земјава, коишто ќе добијат монтажно лизгалиште со средства од Владата.
„Владата ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот за изнајмување на 7 монтажни спортски лизгалишта во Република Северна Македонија и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година, - соопштуваат од Владата.
Владата им препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1.11.2019 година.
Покрај Куманово, монтажни спортски лизгалишта ќе добијат и Охрид, Битола, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово.
Куманово имаше спортско лизгалиште во 2012 и 2013 година, Општината го изнајмуваше од српска фирма.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk