Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До крајот на 2016 година Куманово ќе добие нов Ургентен центар, најавува министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој вели дека постоечкиот објект треба да се догради и реконструира, бидејќи не ги задоволува потребните стандарди.
„Во Куманово ќе се гради нов Ургентен центар на местото каде што сега се постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел. Во продолжение на нив ќе се догради нов објект за ургентни хируршки амбуланти и на тој начин практично ќе се добие една целина на Ургентен центар во Куманово каде што ќе биде пренесен и апаратот за комјутерска томографија. Во истиот дел е и рендгенот што значи дека ќе имаме комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби“- изјави министерот за здравство, Никола Тодоров за националните медиуми.
Инвестицијата ќе чини околу 20 милиони денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk