Куманово ќе добие пари за подобро водоснабдување

17.12.2010 15:05 | KumanovoNews

Куманово и Старо Нагоричане ќе добијат 4,4 милиони евра од вкупно 49.3 милиони евра што Владата ги обезбеди за изградба на водоводни и канализациони мрежи во општините.

Куманово ќе добие пари за подобро водоснабдување

Сретствата обезбедени од Европската институционална банка ќе бидат искористени наредната година.

Куманово ќе добие 3,5 милиони евра најмногу во однос на другите општини, поради тоа што Владата огледувајќи ги сите аспекти,заклучи дека Куманово е најнеразвиениот регион во однос на водоснабдувањето и канализационата мрежа. Сретствата ќе бидат исплатени во 2011 година и се надевам дека ќе бидат правилно употребени и целосно искористени во интерес на граѓаните. Нивното искористување ќе зависи од умешноста на менџирање на локалната самоуправа Куманово .Јас како претеник ќе побарам да се сретнеме со градоначалникот и да добијам информација какви се неговите планови за реализација на новите проекти - рече пратеникот Петар Поп Арсов на денешната прес-конференција.

Од обезбедените сретства ќе добијат и  Битола 1.8 милиони евра, Прилеп 1.6 и Велес 1.5 милиони евра, а Скопје 2 милиони евра и другите општини.

Пратеникот Поп Арсов смета дека со оваа инвестиција паѓаат во вода обвинувањата на градоначалникот и политичките опоненти од СДСМ дека оваа политичка гарнитура не сака да му помогне на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk