Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започнува со изградба првиот Ритеил (малопродажен) парк во Куманово.
Со вкупна површина од 35.000 м2 на купувачите ќе им бидат на располагање веќе познатите домашни и странски модни брендови, трговски ланци за храна, техничка стока, покуќнина и мебел, по примерот на европските градови.
Вториот Retail Park во нашата држава ќе биде пуштен во употреба до крајот на годината. Eсклузивен застапник за изнајмување е домашната компанија Cushman and Wakefield/Fortonmka.
Паркот се наоѓа покрај автопатот Е-75, на влез-излез од Куманово, на местото на некогашната Винарија. Позициониран е на идеална локација наспроти влезот во Куманово кај бензинската пумпа.
Локацијата му овозможува да биде достапен за локалното население, како и за патниците кон северниот и јужниот сосед.
На површина од 35.000 м2 купувачите ќе ги сретнат веќе познатите модни брендови, хипермаркет, трговски ланци за уреди за домаќинство и продавници за покуќнина и мебел. Закуп на продажен простор веќе потврдија добропознатите брендови, а интересот за паркот е одличен.
За целосно заокружен комфор при купувањето, малпродажниот комплекс ќе има свој сопствен паркинг простор за автомобили и автобуси, со лесна пристапност и движење при пристигнување и заминување.
„Овој проект е oдговор на барањето на жителите на Куманово и околината за модерен простор за пазарување, со најбараните брендови организирани во една целина„ - изјави Катарина Николов, раководител на секторот за малопродажба во Cushman and Wakefield/Fortonmka.
Retail паркот е инвестиција на локална компанија (Топ Драјвер).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk