Куманово ќе добие советувалиште за семејство и брак

12.08.2013 08:09 | KumanovoNews

Куманово наскоро ќе добие советувалиште за семејство и брак во кое ќе се нуди бесплатна стручна и професионална помош за граѓаните кои имаат семејни проблеми.

Куманово ќе добие советувалиште за семејство и брак

Ова советувалиште ќе биде дел од проектот на Владата за надградба на социјалните служби. Од Владата информираат дека советувалиштата ќе почнат да се отвараат од септември.

Планирано е ваквите советувалишта да работат во две смени и да гарантираат дискреција за граѓаните. Во советувалиштата ќе бидат вработени педагози, психолози, правници и социјални работници.

Во Македонија ќе има вкупно 11 регионални советувалишта за семејство и брак.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk