Куманово ќе изработува нова сообраќајна студија

21.06.2017 10:15 | KumanovoNews

Општината Куманово ќе изработи нова сообраќајна студија, со која ќе се ограничи движењето на возилата во централното градско подрачје, за да се намали сообраќајниот хаос.

Куманово ќе изработува нова сообраќајна студија

„Хаосот е резултат на сообраќајниот профил на улиците кој е недозволив за оваков голем број на возила. Поради тоа отпочнавме процес за подготовка на содржинскиот дел на Генералниот урбанистички план. Многу брзо очекувам со сообраќајната студија да се разрешат сите дилеми и режими на сообраќајот во Општина Куманово. Тоа се однесува пред се на градскиот превоз и на постојките, изнаоѓање на решенија за тоа што го запира и кочи сообраќајот. Со сообраќајаната студија ќе се разрешат многу тесни грла во централното градско подрачје“ – најави градоначалникот Зоран Дамјановски.

 Градоначалникот вели дека се размислува за изградба на подеземна гаража под плоштадот, за 2000 возила, бидејќи граѓаните мора да научат да платат паркинг место, а не да ги узурпираат тротоарите и секој слободен простор на околните улици.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk