Куманово ќе се вклучи во “Македонија без отпад“

02.10.2015 10:42 | KumanovoNews

Општина Куманово утре ќе се вклучи во акцијата “Македонија без отпад“ која ја организираат Министерството за животна средина и Асоцијацијата “Ајде Македонија“.

Куманово ќе се вклучи во “Македонија без отпад“

По тој повод општината ќе реализира акција за механичко чистење на речното корито на реката Кумановка.

“Ќе извршиме механичко чистење на реката Кумановка, зафаќајќи ги реките Липковка и Којнарка. Отпадот што е складиран непрописно во речните корита ќе биде отстранет и однесен на соодветно место за депонирање“ - изјави Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина во општина Куманово.

Сите основни и средни училишта во градот утре ќе организираат акции за чистење на училниците и дворовите.

Целта на акцијата “Македонија без отпад“ е граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат, за да ја исчистат својата околината од отпадот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk