Куманово ќе собира помош за погодените од земјотресот во Драч

27.11.2019 14:51 | KumanovoNews

Куманово се приклучува со хуманитарна акција, за помош на погодените од земјотресот во Драч.

Куманово ќе собира помош за погодените од земјотресот во Драч

Хуманитарна акција се спроведува во организација на Граѓанската иницијатива - Куманово за Албанија, во соработка со Црвениот Крст во Куманово, здржението Кумановски Акцијаши и Општината Куманово.

„Оваа акција ќе трае неколку дена, денеска е првиот ден за донирање како што гледате и сами најпотребните работи се водата, храната, облеката. Се надеваме дека во соработка со Црвениот Крст ќе придонесеме акцијата да продолжи во најдобар ред. Целата донација ќе оди директно во Црвениот Крст и тие ќе ја достават, а моментално ова ќе биде единствен пункт“, - вели Александар Крстевски, претседателот на координативното тело.

Акцијата ќе трае до петок на пункт на Градскиот плоштад, а организаторите ги повикаа граѓаните на Куманово, да ја покажат својата хуманост како многупати досега.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk