Куманово ќе спроведе дополнително мерење на загаденоста на воздухот

12.01.2017 08:28 | KumanovoNews

 Општината ќе ангажира лиценцирана лабораторија за дополнително, независно мерење на загаденоста на возухот во градот, за да се утврди присуството на ПМ10 честичките на целата територија на Куманово, по информациите дека е најзагаден град во државата.

Куманово ќе спроведе дополнително мерење на загаденоста на воздухот

„ Ќе извршиме вонредно мерење на неколку локации и ќе направиме споредба со резултатите, по што ќе го знаеме реалното загадување во градот. Мерната станица за аеро загадување е поставена во дворот на Општата болница Куманово, во близина на болничката топлана, која единствена работи на мазут. Поради неадекватаната позиција на станицата сметаме дека резултатите не ја отсликуваат вистинската состојба со загаденоста. Ние сме далеку од најазагаден град и во Македонија, а камоли во Европа. Па во Куманово не работи ниту една фабрика ниту пак имаме некој голем загадувач, а најголемите локални институции ни се приклучени на гас. Анализите покажуваат дека Куманово е на 7-8 место во државата по загаденот, а пред нас се Кавадарци, Битола, Скопје, - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Советот на Општината Куманово на вонредна седница побара општината да изработи катастар на загадувачи во градор и да побара од Министерството за животната средина да постави уште една мерна станица во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk