Куманово ќе штеди струја

14.02.2012 16:41 | KumanovoNews

 Општината Куманово од денеска ќе штеди на улично осветлување и светлечките реклами. По препораките на Владата да се штеди електрична енергија, вчера во локалната самоуправа се јавиле од ЕВН и најавиле дека ќе започне реализација на препораката.

Куманово ќе штеди струја

Исклучувањето ќе го вршиме со екипи на ЕВН откако ќе се утврдат техничките можности на електро-мрежата. Таму каде што може, ќе се исклучува секоја втора светилка, но ќе се внимава градот да не остане во мрак - вели Трајко Трајковски директор на ЈП „Куманово паркинг„.

Во препораките од Владата се бара да се исклучат светлосните реклами во јавните и приватни претпријатија, осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите, спомениците и другите објекти и осветлувањето да се користи во минимален обем.

Во Македонија кризната електроенергетска состојба ќе трае до крајот на месецот, а со рестрикциите не се опфатени домаќинствата. Од граѓаните се бара да штедат.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk