Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Како потпретседател на ЗЕЛС, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, учествуваше на Самитот на локални лидери од средна и југоисточна Европа, што минатата недела се одржа во Пекинг, Народна Република Кина.
При тоа е потпишана декларација со која Општина Куманово е дел од Асоцијацита на градови локални лидери на групата 16+1. Целта е да се воспостави економска, социјална и културна соработка, како и да се подобри инфраструктурата помеѓу земјите од средна и југоисточна Европа и НР Кина.
- Целта е зближување и контакти, како и дефинирање на актуелните комунални и инфраструктурни проблеми, и на тој начин изнаоѓање на проекти за побрзо решавање на проблемот со комуникацијата на источна и средна Европа со останатиот дел од светот, односно со Азија. Носам многу позитивно чуство од овој состанок, беше задоволство да бидеш дел од таква политичка елита. Тука е и декларацијата со која ние влегуваме како членка на лидерите во групата 16+1,- изјави Дамјановски.
На самитот присуствувале претставници на 16 земји од Балканот и средна Европа плус Кина, како и премиери и претседатели на региони од локалните заедници на повеќето земји. Градоначалниците на Куманово, Скопје и Гостивар ја претставувале Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk