Куманово денеска со најмногу починати од ковид-19, битката ја изгубија пациенти на 53, 61 и 82 години

13.05.2021 18:17 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа починаа тројца пациенти од Куманово од вкупно 17 во државата. Регистрирани се и 7 новозаболени и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

 
Куманово денеска со најмногу починати од ковид-19, битката ја изгубија пациенти на 53, 61 и 82 години

Од 17 починати лица: 3 од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица - по 1.

Регистрирани се 3803 оздравени пациенти од: Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2.

Досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68165, активни 2650

Куманово 8759, активни 547

Прилеп 8255, активни 307

Тетово 7183, активни 244

Битола 6257, активни 446.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk