Куманово дневно троши по 1,3 милиони киловати струја

30.01.2014 09:24 | KumanovoNews

Од почетокот на 2014 година Куманово и околината во просек трошат дневно по 1,3 милиони киловат часови електрична енергија, а до завчера се потрошени вкупно 36,4 милони киловат часови.

Куманово дневно троши по 1,3 милиони киловати струја

Најголема потрошувачка од 1,5 милиони киловат часови е регистрирана на 26 јануари кога температурите биле -5 степени. На 20 јануари имало најмала потрошувачка, односно 1,1 милиони киловат часови.

Од ЕВН објаснуваат поради зголемената потрошувачка нема проблеми на електричната мрежа поради тоа што навремено е реконструирана, но има зголемена кражба на струја.

Во делови од некои населби и во центарот на градот се краде струја, трафостаниците се преоптоварени и тоа доведува до пад на напонот. Се планираат проекти за подобрување на мрежата и дислокација на броилата - вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Од ЕВН Македонија апелираат електричната енергија да се користи разумно, и сите простории да се загреваат само доколку тоа е навистина потребно на минусни температури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk