Куманово доби инклузивно детско игралиште

13.05.2019 07:32 | KumanovoNews

 Инклузивно игралиште со детски реквизити прилагодени и за децата со посебни потреби е отворено на Градскиот кеј во Куманово.

Куманово доби инклузивно детско игралиште

Проектот чини 16.000 евра, а се реализира со помош на Швајацарската амбасада, Ротари клубот и Општина Куманово.

 „Одлучивме да го финсираме проектот на иницијатива на Ротари клубот, бидејќи е прв од ваков вид во градот, за деца деца со посебни потреби. Се надевам дека ова игралиште ќе се користи од сите деца, особено оние за кои е изградено. Амбасадата на Швајцарија веќе долги години финансира вакви проекти, и нашиот фокус е токму на ваков инклузивен начин на остварување на проекти и поддршка“, - изјави Сибил Зутер амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Од Ротари клубот во Куманово се надеваат дека идејата ќе се прошири и во другите градови во државата. Изградбата на инклузивен забавен парк е дел од проектот „Љубовта не е само збор“, инициран од страна на Ротаракт Клуб Бијељина од Босна и Херцеговина, а реализиран со хуманитарна поддршка на кумановските ротаријанци.

 „Целта на проектот е рекреација и социјализација на децата со посебни потреби во средина која би поттикнала правилен раст и развој и која нема да им ги ускратува активностите на отворено, заедно со другите деца. Вредноста на детското игралиште со реквизитите, оградата и камерите за видео надзор чини околу 16.000 евра. Поголем дел од средствата беа одобрени ид Швајцарската амбасада, а еден дел донираше и Ротари клубот,-  вели Филип Станковски, претседател на Ротаракт клуб Куманово.

Во името на граѓаните на Куманово за донацијата се заблагодари градоначалникот Максим Димитриевски. Општина Куманово треба да се грижи за заштита и оддржување на просторот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk