Куманово доби кинески автобус

05.03.2012 13:43 | KumanovoNews

 Куманово доби кинески автобус за превоз на учениците во градот. Ние сме една од 23 општини во Македонија кои добија училиштен автобус , донацијата на НР Кина.

Куманово доби кинески автобус

"Автобусот веќе е пристигнат и се наоѓа на паркинг просторот на ЈП"Чистота и зеленило„. Чекаме да завршат сите формалности во однос на регистрација на возилото,по што ќе се отпочне со користењето"- вели Валентина Алексовска,секретар на Општината.

Секторот за образование е задолжен да направи распоред за користење на автобусот во училиштата.

    Имплементатор на проектот во Кина е националната корпорација за економска соработка со странство, а во Македонија е спроведен во соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ и Амбасадата на Кина во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk