Куманово доби подршка од тројца амбасадори

16.05.2011 12:43 | KumanovoNews

 Амбасадорите на Австрија, Германија и Босна и Херцеговина, денеска престојуваа во официјална посета на Куманово и се сретнаа со градоначалникот Зоран Дамјановски.

Куманово доби подршка од тројца амбасадори

Тројцата амбасадори се запзнаа со спецификите на градот, концептпт за досегашниот негов развој, како и идните  планови и прокти на локалната самоуправа.

Посебно е задоволството што еден ваков силен состав на држави од европската заедница, и нашиот докажан пријател од Босна се денеска наши гости.Разговаравме за многу нешта, отворивме многу теми и правци како да се одвива нашата понатамошна соработка. Ние сме партнери со австриската држава, соработуваме преку агенции со германската влада и се надевам дека нашите пријателства ќе бидат цврсти лобисти за добивање на инвестиции за проекти кои се во интерес на Куманово, а кои ние како локална самоуправа планираме да ги реализираме во наредниот период-рече градоначалникот Дамјановски.

Амбасадорот Алојс Краут од Австрија, Урлике Марија Нотс од Германија и Милан Балабан од Босна и Херцеговина се заблагодарија на приемот и ветија дека ќе го дадот својот максимум во подршката на градот во сите свери на општественото живеење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk