Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На градскиот плоштад во Куманово денеска беше поставен споменик на иселените млади луѓе.
Споменикот го поставија граѓански активисти од НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро!, а има за цел да ги потсети надлежните да преземат нешто за да го спречат иселувањето на младите од земјата.
„Со овој герила настан, поставување на монтажен споменик сакаме да покажеме за енормната бројка на иселени млади луѓе од Македонија, кои се повеќе си заминуваат. Ние бараме да се направи нешто прогресивно во државата и младите да најдат причини да останат тука. Вработувањето со партиски книшки, лошите услови во образованието и здравството ги тераат да си заминат од земјата. Не ја знаеме точната бројка на иселени, но сите знаеме многу наши блиски кои си заминале„, - изјави Љуми Беќири, граѓански активист.
Споменикот на иселените предизвика внимание кај кумановци, но главно кај пензионерите кои го минуваа денот на топлото сонце. Млади луѓе во Куманово има се помалку.
Акцијата НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро!има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат за три недели, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk