Куманово домаќин на градови носители на порака на мир

28.10.2015 12:33 | KumanovoNews

Куманово во наредните три дена ќе биде домаќин на градови носители на порака на мир.

Куманово домаќин на градови носители на порака на мир

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека поради настаните од 9 и 10 мај, и бегалската криза, Куманово ќе биде домаќин на интернационалната асоцијација на градови-гласници на мирот. Ќе има гости од градови од Србија, Грција, Словенија, Малта, Кипар и други земји.

Утре управниот борд ќе заседава, кој ги поставува основните теми, а генералната асамблеја ќе биде во петок и во сабота, со тоа што резолуцијата ќе се донесе во сабота. Резолуцијата оди до Советот на безбедност во Обединети нации и учествува во основните платформи на ОН во однос на мир, слобода, човекови права и демократија. Од самиот борд на градовите иницијативата беше да се одржи во Куманово. Темата ќе биде пред се воените опасности и она што е предизвик на Европа, бегалската криза. Имаме десет града учесници, прв е стигнат градоначалникот на Брајтон - изјави Дамјановски.

Куманово седма година по ред е член на оваа организација.  Оваа асоцијација постои 30 години и секоја година се проширува со нови членки. Од градовите во Македонија учество на настанот ќе земе Струмица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk