Куманово домаќин на модерни танци

08.04.2011 12:33 | KumanovoNews

 Викендов во Куманово ќе се одржи Меѓународен фестивал на модерни танци, на кој ќе учествуваат и групи од Хрватска.  Фестивалот се организира за првпат, а ќе се настојува да прерасне во традиционален.

Куманово домаќин на модерни танци

Учество ќе земат балетските студиа Ребис од Скопје, Илија Николовски Луј од Скопје,  Ултра и „МАК„ од Куманово и балетска работници Илијана Лончар и Марио Кнежевиќ од Хрватска.   

Во состав на фестивалот се одржуваат две работилници на кои членовите од МАК ќер се здобијат со знаења од модерниот танц. На фестивалот ќе биде отворена и изложба на фотографии по повод Меѓународниот ден на танцот.

 Организатори се Центрот за култура и балетското студио „МАК„




Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk