Куманово домаќин на собранието на градови на мирот

10.07.2015 10:23 | KumanovoNews

Асоцијацијата на градови носители на порака на мир, годинава ќе одржи собрание во Куманово.

Куманово домаќин на собранието на градови на мирот

Ова денеска беше најавено од Виктор Хаџиаврам, потпретседател на Асоцијацијата, при посетата на општината Куманово. Ако се создадат услови можно е собранието во Куманово да се одржи во октомври. Хаџиаврам го посети градот за да нотира каква е безбедноста на градот по настаните од 9 и 10 мај, за што ќе изготви извештај.

“Сакаме стабилизирање и демократија во вашиот град и вашата земја. Затоа сме тука да го поддржиме градоначалникот и градот. Цврсто веруваме дека ако има стабилизација и демократија, земјата ќе биде во мир. Ќе го посетиме местото каде два дена имаше борбени дејствија“-рече Хаџиаврам.

Заедно со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ќе ја посетат населбата Тоде Мендол.

“Ќе одиме на терен да ги разгледаме штетите, да поразговараме со населението. Ова е кратка, еднодневна средба  и се отвори можност да идното собрание за 2015 година се одржи во Куманово, со тоа што извршниот одбор на градови носители на порака на мир ќе дадат резолуција за град Куманово и оттука ќе се иницираат низа акти на ОН,  во однос на етаблирање на безбедносната состојба во Република Македонија“- вели Дамјановски.

Куманово од 2009 година членува во оваа Асоцијација, каде над 120 градови од целиот свет се залагаат за мир.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk