Куманово е еден од трите градови во државата со видеонадзор на сообраќајниците

20.05.2024 17:29 | KumanovoNews

Видеонадзор на сообраќајниците познат како “Безбеден град“ е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово.

Куманово е еден од трите градови во државата со видеонадзор на сообраќајниците

Во моментот системот има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна.

„Во тек е надградба на системот која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска оствари работна средба со претставници на  Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност, во чија надлежност е системот.

Тој најави дополнителни инвестиции во овој дел, проширување на видеонадзорот и во другите градови, дополнителен кадар со цел да се работи непречено во текот на 24 часа, поради обезбедување на поволна безбедносна состојба.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk