Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово е град кој од 1941 до денес секогаш бил победник, град каде што се коваше македонската современа држава и каде напредните прогресивни сили немаат изгубено изминативе 30-тина години. Така ќе биде и овојпат на двојните избори, кажа кандидатот за претседател Стево Пендаровски, на минтингот на СДСМ на градскиот плоштад во Куманово.
Осврнувајќи се на она што го сработил во предходниот мандат, тој потсети дека во изминатите седум години државата поминала низ многу тежок период, како што е ковид пандемијата, но сепак политичката гарнитура на која тој припаѓа направила крупни чекори во реформите.
„Во изминатите 7 години го решивме спорот со Грција после 25 години преговори и станавме членка на најмоќниот сојуз во НАТО алијансата. Тоа значи конечна „тапија“ за нашата независност, за нашите граници, за нашиот суверенитет и за личната безбедност. Тоа е чин кој е еднаков по значење на 8 септември 1991 година. По две децении Македонија ги отвори и прегорите на ЕУ, но се соочи со проблемот со Бугарија, која го закочи европскиот пат на Македонија“, кажа Пендаровски.
Тој смета дека заслуга на политките на СДСМ се добрите меѓуетничните односи, кои во времето на режимот биле на исклучително ниско ниво, особено меѓу младите.
„Ако не сме сложни внатре, ако немаме внатрешна кохезија, ако луѓето се караат меѓусебно, ние не можеме да напредуваме. Направивме стабилност внатре, затоа можеме да претендираме и да се асоцираме во пошироките меѓународни организации“, додаде кандидатот за претседател Пендаровски.
Како претседател на сите граѓани, вели дека досега никој не бил дискриминиран по етничка, ниту политичка припадност, а ако повторно ја добие довербата на граѓаните даде гаранција дека ќе продолжни да биде еднаков за сите кои живеат во Македонија.
Во однос на главниот политички опонент, рече дека „блиските луѓе на Груевски не можат да водат различна политика од него која ќе ја носи Македонија кон НАТО и ЕУ“.
„Опозицијата ќе го закочи патот кон ЕУ, бидејќи сакаат да дојдат на власт и да владеат без усул и по можност тоа да нема крај“, кажа Пендаровски.
Тој ги повика кумановци на 24 април масовно да излезат на избори, бидејќи тогаш ќе се види колку македонските граѓани сакаат да ја видат Македонија како стабилна и интегрирана држава во Европа и во светот, а потоа на 8 мај да ја потврдат победата за да државата оди напред.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk