„Куманово-гас“ ја проширува дистрибутивната мрежа

12.05.2017 17:56 | KumanovoNews

Јавното претпријатие „Куманово-гас“  од идната недела ќе започне со приклучоци на гасоводната мрежа на улиците „Питу Гули“, „29 ноември“ и „Перо Тоше“ во централното градско подрачје, а во завршна фаза е изградбата на кракот на „Октомвриска револуција“.

„Куманово-гас“ ја проширува дистрибутивната мрежа

Од претпријатието очекуваат дека на овие две локации ќе се приклучат околу 130 домаќинства.

Планираме мрежата да ја продолжиме и на други делови на градот. Во фаза на подготовка сме на проект за инфраструктура и основен проект во делот на улиците „Цар Самоил„ и „Никола Вапцаров“, а очекуваме да добиеме решение за градба и поставување на гасоводна инфраструктура на делот кон учлиштето „Бајрам Шабани“, - изјави  директорот Драган Петровски на денешната седница на Советот, каде беше разгледан извештајот за работа за минатата година и за првото тромесечие од оваа година.

Најголем потрошувач на гас во општината е градскиот базен, како и основните и средни училишта и локалните институции.

Според кварталниот извештај, претпријатието остварило 5,41 милиони денари приходи и 5,96 милиони денари расходи, што е најмала разлика во однос на предходните години и покажува позитивен тренд во работењето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk