„Куманово-гас“ првиот квартал од годината го заврши со добивка од 5.000 евра, кажа директорот Митровски

31.05.2024 09:00 | Сузана Николиќ

Добивка од 290.000 денари или скоро 5.000 евра остварило ЈП „Куманово-гас“ во првиот квартал од 2024 година. 

„Куманово-гас“ првиот квартал од годината го заврши со добивка од 5.000 евра, кажа директорот Митровски

Позитивните финансиски рeзултати остварени во периодот од 1 јануари до 31 март, според директорот Марко Митровски се поради цената на гасот и зголемениот број на приклучоци на потрошувачите.

„Оваа добивка се однесува на зголемена количина на испорачан природен гас во овој период од годината, а за тоа придонесе цената која се движеше од 52 до 55 денари, што беше пониска за 20-тина денари од нафтените деривати. Тоа, пак, придонесе сите институции кои се наши потрошувачи да преминат на нашиот енергенс што не беше случај во предходната година. Вториот дел од добивката е и од услугите за приклучок, поради субвенциите кои ги обезбеди Владата и Општина Куманово. Вкупната добивка не е голема, но за разлика од предходните години, дава надеж дека ова претпријатие ќе може да работи со позитивни резултати и во наредниот период, кога очекуваме да го зголемиме бројот на нашите клиенти“, кажа Митровски пред советниците кога даваше отчет за финсиското работење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk