“Куманово-гас“ во минус 1,5 милиони денари

01.07.2015 15:39 | KumanovoNews

ЈП “Куманово-гас“ направило загуба од 1,5 милиони денари во првите три месеци од годината, па советниците прашуваат што работи претпријатието и дали има нови приклучоци на гасоводната мрежа.

“Куманово-гас“ во минус 1,5 милиони денари

Тие велат дека претпријатието и во првиот квартал од 2015 година, има повеќе расходи, отколку приходи.

Според извештајот нема нови приклучоци и секако тоа не оди во полза на претпријатијето. Сфаќаме дека претпријатијето сеуште е во развој, но сепак овој негативен тренд треба еднаш да прекине и да започне претпријатијето  да работи во позитива. Приходите за овој квартал се малку повеќе од 3 милиони денари, додека расходите се повеќе од 5 милиони денари - рече Ивана Арсеновска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот Драган Петровски рече дека во јануари, февруари и март имаат набавено поголема количина на гас и таа е потрошена. За нови приклучоци рече дека освен црквата Свети Никола, Света Троица, едно домаќинство каде веќе е изграден приклучок е на “Бранко Богдановски Гуцман“ и „Васко Карангелевски“  и едно домаќинство е во градба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk