Куманово го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот

10.05.2018 06:45 | KumanovoNews

Денот на победата над фашизмот 9 Мај, Куманово го одбележа пред  Споменикот на жена борец на Градскиот плоштад во Куманово.

Куманово го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот

Делагации од Сојузот на борците, локалната самоуправа , Советот на Општината, училишта, институции, политички партии, невладини организации, здружемнија и граѓани положија цвеќе. Пред присутните се обрати градоначалникот Максим Димитриевски, кој зборуваше за значењето на празникот и борбата на македонскиот народ против фашизмот.

„Верувам дека за граѓаните на Куманово учеството во Втората светка војна борбеноста на нашиот град и нашиот народ е токму столбот на нашата државност и нашата гордост“, - нагласи Димитриевски.

Тој потсети дека во историјата на градот  9 мај ќе остане и вооружениот конфликт во 2015 година, кога 8 полицајци ги положија своите животи.

„Се надевам дека конечно пред лицето на правдата ќе излезат сценаристите, но и режисерите на тој настан. Но, верувам дека токму борбеноста, слогата и издржливоста на нашите граѓани и нашиот народ е столбот на стабилноста на нашиот град и на Република Македонија,- додаде Димитриевски. 

Градоначалникот верува дека градот првоборец ќе го продолжи да живее во слога и ќе расте и ќе се развива во модерен и современ град.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk