Куманово го одбележува Денот на ослободувањето

11.11.2010 15:23 | KumanovoNews

Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОВ, и други  пригодни свечености, Куманово денеска ја одбележа 66-годишнината од ослободувањето.

Куманово го одбележува Денот на ослободувањето

Делегации од локалната самоупрва, гостите од збратимените градови, претставници на боречката организација, политичките партии,на јавните установи и претпријатија, здруженија на граѓани денеска се поклонија и положија букети цвеќе на Спомен костурницата. Оддавајќи им почит на паднатите борци и жртвите на фашизмот, по повод Денот на ослободувањето на Куманово на присутните им се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.

Сите ние од оваа место им оддавеме длабока почит и признание на паднатите бобци од Нов кои придоносоа за денешно слободно Куманово. Поради тоа имаме обврска да го продолжиме патот на нашите предци, патот усмерен кон просперитет и интегрирање во евро-атланските процеси. Во последните години Куманово започна со забрзан развој на сите полиња и стана значаен стопански, административен и културен фактор во северо-источниот регион. Градењето на градот и неговата афирмација е наша обврска и наша заложба - рече градоначалникот Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk