Куманово го празнува 11 Oктомври

11.10.2016 09:32 | KumanovoNews

 Градот првоборец, денеска го слави 11. октомври- Денот на народното востание во Македонија.

Куманово го празнува 11 Oктомври

 Денеска се навршуваат 75 години од организираното востание, кога во 1941 година  прилепскиот и кумановскиот партизански одред го нападнале бугарскиот окупатор и започнале крвава борба за ослободување на земјата.

11 октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Бројни делегации денеска положија цвеќе на Спомен костурницата во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk