Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово и Босилеград ќе соработуваат на културен план и ќе аплицираат за реализација на инфраструктурни проекти, информираа денеска градоначалниците, Максим Димитриевски и Владимир Захариев.
– Разговаравме на повеќе теми меѓу кои и за соработка на културно ниво и за конкретни апликации за пристапните фондови на Европската унија за повеќе инфраструктурни проекти, изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.
Меѓу проектите за кои се заинтересирани двете општини е регулација на речните корита и раззеленување на нови површини.
Градоначалникот на Босилеград Захариев рече дека ја поканил општина Куманово и фолклорните друштва да присуствуваат на Велигденскиот фестивал, кој традиционално се одржува во таа општина. Најави дека идната година ќе се одржи средба со граѓаните на Куманово кои потекнуваат од Босилеград./МИА
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk