Куманово и Кампина ќе се збратимат

30.06.2010 13:07 | KumanovoNews

Пријателството на  двете Општини што започна пред неколку месеци продолжи со потпишување на меморандумот за соработка, а ќе финишира со збратимување на двата града при крајот на летото.

Куманово и Кампина ќе се збратимат

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и на Кампина, Хориа-Лаурентиу Тисенау вчера потпишаа  меморандума за соработка. Потпишувањето е извршено во романскиот град Кампина, каде градончалникот Дамјановски и неговите соработници се наоѓаат во неколку дневна посета.

Соработката што започна пред неколку месеци продолжи со потпишување на меморандумот за соработка, а ќе финишира со збратимување на двата града.Тоа ќе се случи на крајот на август и почетокот на септември. Покрај културната соработка, двете Општини ќе воспостават и економска соработка, бидејќи Кампина е град со најразвиена петрохемиска индустрија во Романија- изјави за Куманово Њус, портпаролот Дарко Станојковски.

 Во Романија со градоначалникот Дамјановски е и амбасадорот на Македонија во Романија Љупчо Арсовски, раководителот на Секторот за меѓународна соработка Горан Митевски, директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски и портпаролот Дарко Станојковски.

Кампина се наоѓа во јужниот дел на Романија, помеѓу Букурешт и бугарската граница и е град  со традиција, економски богат и развиен  центар на нафтената индустрија .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk