Куманово и Липково општини без дискриминација

08.12.2011 10:00 | KumanovoNews

 Куманово и Липково, добија сертификати „Општина без дискриминација„ за несебично залагање во промоцијата и спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Куманово и Липково општини без дискриминација

Признанието е резултат на преземените мерки за јакнење на капацитетите на локалните заедници, општините и граѓанските организации за поефикасно спроведување на законот, како и за поттикнување на граѓаните, особено припадниците на маргинализираните групи како да дејствуваат против дискриминација и како да се заштитат.

Во изминатата година со поддршка на локалната администрација и невладиниот сектор беа спроведени обуки за општинските советници, за вработените во локалните институции, за граѓанските организации, полицијата, медиумите, како и образовните и здравствените институции, а усвоени се и планови за дејствување за подигнување на јавната свест на граѓаните за поголема информираност и заштита од дискриминација.

Признанието го прими секретарот на Општината, Валентина Алексовска.  

Сертификати „Општина без дискриминација„ добија и општините Струга, Охрид, Теарце, Дебар, Битола и Струмица.

Проектот е поддржан со средства од Европската унија, а реализиран со помош на Британскиот совет во Македонија и граѓанскиот сектор.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk