Куманово има близу 30 илјади домаќинства

01.06.2013 09:41 | KumanovoNews

 Денеска е 1 јуни - Денот на македонската статистика. Се навршуваат 68 години од работата на Државниот завод за статистика кој е почитуван во земјава и во странство.

Куманово има близу 30 илјади домаќинства

Статистика го мери животниот стандард, бруто домашниот производ, природниот прираст на населението, невработеноста и слично.

Податоците од оваа институција покажуваат дека во Куманово живејат 107 632 жители од кои 54 324 се мажи и 53 308 жени.

Има регистрирано 27 984 домаќинства и 33 468 станови. Секое семејство во просек брои по 3,76 жители. Писмени се 86 677 граѓани, а неписмени има 4 177кумановци.

Во првото тромесечје во Куманово се родиле 316 деца, склучени се 137 брака, а разводи имало 35.

Куманово има 81 309 хектари обработливо земјиште, во кое спаѓаат 285 хектари под овоштарници и 772 хектари лозја.

Во 2011 година во градот се доселиле 376 граѓани, а се отселиле 321 граѓанин. Најголем дел од доселените се од Јужна Србија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk