Куманово има над 3000 крводарители

21.07.2015 11:11 | KumanovoNews

Во Куманово има околу 3300 крводарители, потврдуваат од општинската организација на Црвен Крст Куманово.

Куманово има над 3000 крводарители

Од година во година интересот за крводарување расте, а најголем дел од крводарителите се на возраст од 30 до 50 години.

“Околу 400-500 се средношколци, но и минатогодишните кои се студенти, дел од нив продолжуваат да даваат крв. Имаме крводарители од 18 до 65 години. Јас овде сум секретар 8 години. Можам да кажам дека се зголемува бројот на крводарители, и ги задоволуваме потребите“- вели Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово.

Митковски додава дека последниве години реализираат над 2500 крводарувања годишно, што е сосема солидна бројка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk