Куманово има потреба од “зелени“ работни места?

22.10.2013 07:39 | KumanovoNews

По примерот на развиените западно-европски земји и Македонија, и Куманово има потреба од зелени работни места.

Куманово има потреба од “зелени“ работни места?

“Зелените“ работни места се тесно поврзани со подобрување, заштита и одржување на квалитетот на животната средина.

“Зелени“ работни места се оние со кои се подобрува квалитетот на животната средина и во исто време се обезбедуваат адекватни и достоинствени плати, еднакви можности и патишта за излез од сиромаштија. “Зеленото“ работно место вклучува работа во „зелените“ економски активности односно категории: работа со обновливи извори на енергија и алтернативни горива,  енергетска ефикасност и конзервација,  мерки против загадувањето, отпадот и управување, спречување, намалување на стакленичките гасови, расчистување и санација на загадената животна средина и друго  - наведено е во презентацијата подготвена во презентацијата подготвена од професорот Пеце Недановски.

Минатата недела Хабитат Македонија и УСАИД оддржа презентација во Куманово за “зелените“ работни места и значењето на енергетската ефикасност во сектор домување. Три згради во Куманово веќе се дел од проектот за енергетска ефиаксност кој го реализира општината со Хабитат Македонија и УСАИД.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk