Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпртијатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост го отстапи корисничкото право на спорткиот комплекс „Соколана“ на Општина Куманово за временски период од 5 години.
Договорот за отстапување на корисничко право е потпишан на 16.09.2019 година.
„Се очекува во наредниот период со одлука на Влада, комплексот Соколана да премине во трајна сопственост на Општина Куманово“, - соопштуваат од Општината.
По добивањето на правото за користење, Општината го обезбеди објектот со ангажирање на чуварска служба, а јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ започна со детално чистење на спортскиот комплек, уредување на двата откриени спортски терени за ракомет и за кошарка, како и паркин местото во состав на комплексот.
Од Општината велат дека ЈП „Куманово План“ изработува проект за реконструкција и враќање на стариот сјај на една од најубавите згради во градот - „Соколана“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk