Куманово како Бејрут од петарди

01.01.2011 14:33 | KumanovoNews

 Куманово татнеше од силни детонации од петарди и експлозии од топовски удари како да се војува, што ги вознемири и револтира граѓаните.

Куманово како Бејрут од петарди

 Мирната новогодишна ноќ единствено ја расипа прекумерната употреба на пиротехнички сретства во градот. Куманово татнеше од силни детонации од петарди и експлозии од топовски удари како да се војува, што ги вознемири и револтира граѓаните.

Си заминавме од Плоштадот порано затоа што ми беше непријатно од фрлените петарди.Толку многу пукаше од сите страни што човек не може да се чувствува сигурно - вели една наша сограѓанка.

Фрлањето петарди започна во поладневните часови, се интензивираше околу 20 часот, а стивна дури еден часот по полноќ. И полицијата потврдува дека во новогодишната ноќ имало прекумерна употреба на пиротехнички сретства, и покрај сите нивни настојувања и апели до граѓаните да се воздржат од ваквата традиција. Само вчера кај еден од препродавачите биле пронајдени и запленети 20 илјади парчиња петарди.

  Оваа година во однос на минатите имаше помалку пукање од огнено оружје и рафални истрели што беше карактерика за годините по воениот конфликт.


 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk